СПОРТФУДБАЛ

Шкупи: Црвениот картон на Руатубјае е резултат на погрешни одлуки на судиите

ФК Шкупи излезе со реакција поради исклучувањето на дефанзивецот Абдул Руатубјаје на мечот против Вардар. Тимот од Чаир смета дека двата жолти картони се дадени како плод на судиски грешки , и затоа ќе упатат жалба до ФФМ.

„Двата жолти картони кои му беа доделени на нашиот фудбалер Абдул Руатубјаје на натпреварот одигран во саботата против Вардар, од видео документацијата јасно покажува дека тоа е поради судиска грешка. Ние како клуб ќе упатиме жалба за овие картони. Но, сега веќе не нѐ чуди фактот што судијата направи такви грешки и ни одзеде важен играч пред следниот натпревар, што е многу важен во рамките на Купот. Судиските грешки преку видео ќе ги објавиме во текот на денот. Интересен факт, како што се носат погрешни одлуки против нас, така лесно се носат погрешни одлуки, но во корист на нашите противници“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.

Тимот од Чаир, на свој стадион (2 април) ќе го одигра првиот полуфинален натпревар против Тиквеш (15.00). Реванш средбата е планирана да се одигра на 17 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button