МАКЕДОНИЈА

Силјановска: Да не се замижува пред криминалот

Ако замижувате пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник, истакна кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на митингот во Велес, додавајќи дека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски често пати бил фотографиран во друштво на криминалци. Таа нагласи дека е лажно обвинета од страна на Пендаровски дека била против децентрализацијата од 2004-тата година. Силјановска рече дека секогаш била за децентрализацијата, но е против, како што додаде, вештачката и неприродна територијална организација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button