
За последните случувања во ДУИ, аналитичарот Арсим Синани вечерва во „Патот кон“ рече дека тоа е борба за власт, бидејќи според него и двете групи се корумпирани.
“Не смеат да мрднат од Али Ахмети, ова е голема игра, ќе видиме како ќе играат оро во таа свадбена сала”, рече Синани.
Според него, ова е игра на ДУИ, бидејќи наместо да ја напаѓа опозицијата, ДУИ се напаѓа самата себе, за што Синани ја обвини и албанската опозиција./Alsat.mk