ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Синдикатот: „Зголемениот минималец нема негативни ефекти врз фирмите“

Ако минималната плата се зголеми на 18 илјади денари, тоа нема да предизвика негативен ефект врз компаниите во земјава. Досега ниту едно зголемување на минималната плата немало ефект на отпуштање на работници. Напротив, ја зголемило продуктивноста, а работниците се решаваат да останат на своите работни места, стои во анализата од економски експерти направена за Сојузот на синдикати. Од синдикатот велат зголемувањето на минималната плата треба да се случи уште утре, а не да се чека до јуни, бидејќи граѓаните нема да можат да си ги платат сметките.

„Резулатите од студијата која е презентирана денеска покажуваат дека нема никаков негативен ефект од покачувањето на минималната плата врз работењето прво во фирмите, дека не се отпуштаат работници, нема влијание врз профитабилноста на фирмите и нема никаков друг негативен ефект…“, рече Дарко Димовски- Претседател на Сојуз на синдикати.

Според анализата, во земјава се исплаќа една од најниските минимални плати во Европа. Повеќе од сто илјади граѓани земаат по 15.500 денари месечно. Најавите на Владата се дека минималецот ќе се покачува, но засега нема дефиниран став кога тоа може да се случи. Во понеделник синдикатите ќе остварат средба со владините претставници, и доколку нема зелено светло за итно покачување на минималецот, синдикатите најавија штрајкови на работните места.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button