ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје полу-украсено, дедо мразовците се жалат – атмосферата е „тапа“

Vjollca Aliti

Последниот викенд пред Нова година граѓаните ги наполнија улиците и трговските центри за да ја почувствуваат празничната атмосфера. Некои брзаа да купат работи за прослава, а други уживаа со кафе и пријатели. Повеќето ни рекоа дека поради пандемијата празниците ќе ги поминат дома.

Ќе славиме во домашна атмосфера со пријатели. Поради пандемијата остануваме дома. Подготвени сме, шетаме, но поради пандемијата повеќе излегуваме на отворено со децата.

Плоштадот во Скопје, иако воздухот денеска беше загаден, беше полн, а тука беа и дедо мразовците кои се жалат дека во последниве две години граѓаните не слават како порано.

За прв пат во сите овие години во пресрет на празниците, Скопје е полу-украсено. Покрај главниот град, годинава неукрасени останаа и многу други општини во земјава, пред сè за да се штеди струја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button