ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува високата посетеност на граничниот премин Табановце

Новинар Мефаил Исмаили

Десетици илјади возила влегле во земјава преку граничните премини во последните два дена. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во рок од еден ден на влез и излез се регистрирани вкупно 35.607 возила. Од нив 23.494 автомобили се на влез, додека 12.113 возила ја напуштиле државата. Бројот на влезови и излези и денеска беше голем. На граничните премини до пладневните часови кружеа 16.887 возила. Повеќе сообраќај во последните денови има на границата во Табаноц, од каде многу мигранти се упатиле кон родниот крај, пишува Алсат.

Мигрантите во изминатите два дена се жалеа на долго чекање на Табаноц. Од Службите на Граничната полиција за Алсат велат дека чекањето се должи на протоколи за борба против КОВИД, каде на граѓаните дополнително им се проверуваат документите за целосна вакцинација со две дози или ПЦР тест. На прашањето на Алсат како планираат да го менаџираат протокот на патници во наредните денови, кој се очекува да биде уште поголем, од МВР велат дека во зависност од посетеноста ќе се знаат мерките.

„На граничните точки се отворени сите 5 шалтери, за влез наместо за патнички возила како и дополнителен шалтер, но и шалтер за натоварени возила и автобуси. Ова за да не се предизвикаат поголеми очекувања на граѓаните и возилата“, нагласуваат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button