ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопското Кале е заборавено од институциите

Скопското Кале е заборавено од институциите

На листата на приоритети е кога ќе се  посетува  Скопје, импресионирани се од погледот, им се допаѓа положбата и тоа што го гледаат главниот град од сите страни. Но, странските туристи воопшто не се задоволни од одржувањето во Скопското кале. Велат дека има многу ѓубре и трева, а бараат да има и водач или барем брошури каде што може да се запознаат со историјата на Калето.

Турист: Ова е моја прва посета на Скопје, воопшто на Македонија, и една од првите работи е посетата на калето. Секако дека сум импресиониран, изгледа многу старо, една од главните знаменитости во Скопје. Она што не ми се допаѓа е дека евентуално е потребна поголема грижа, затоа што има многу ѓубре, како со години никој да не се погрижил за ова, а тоа е историско место на кое му треба грижа… Исто така потребни се и брошури, бидејќи немам информации за ова Кале, не знам кој го изградил во кој век или која година.

Турист: Бев внатре, погледнав наоколу, не е лесно да се оди.

Турист : Калето е прекрасно, но има недостатоци, нема брошури и водичи за да не информираат за историјата на калето. Дури и одржувањето не е како што треба.

Институциите го запоставија Скопското кале. Од Министерството за култура велат дека тие не се одговорни.

Од таму не  препратија во  Конзерваторскиот центар, како институција надлежна за Калето. Тие пак велат дека Калето не е во нивна надлежност, и дека надлежна е Управата за заштита на културното наследство.

Контактиравме со директорот на оваа институција, Аријан Асланај, но тој ни кажа дека Калето е веќе во надлежност на Град Скопје, а оваа дирекција се занимава само со физичкото обезбедување се додека и оваа обврска целосно не премине во Градот.

Од Градот не добивме одговор на нашиште прашања околу заштита на Калето./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button