ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај ТНТ, Груевски доби 9 години затвор, Јанакиески 3 години

Поранешниот премиер Никола Груевски доби девет години затвор за нарачаното уривање на комплексот Космос. Во случајот ТНТ затворска казна доби и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од 3 години. Додека поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како и вработената во општината како градежен инспектор се осудени на по четири години затвор.

Другите тројца вработени во општината Гази Баба кои ги гони обвинителство денеска судот ги ослободи обвинение.

Судот за виновни ги прогласи Груевски, Јанакиески, Трајковски и Најдовска. Судијата Огнен Ставрев наведе дека меѓу 2011 и 2012 година, Груевски како премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ и Јанакиески како министер за транспорт и врски имале цел да му се одмаздат на Фијат Цаноски бидејќи тој како претседател на Партијата за европска иднина ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и коалицирал со нивниот политички противник, СДСМ.

Груевски и Јанакиески го поттикнале тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, да стори дело злоупотреба на функцијата, а тој се согласил на незаконско уривање на комплексот Космос кој го градел Цаноски. Трајковски ја поттикнал Елисавета Најдовска која работела во општината како градежен инспектор да нареди уривање на комплексот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button