ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Снег на првиот ден од пролетта

Снег низ целата земја го означи стартот на пролетта. Снежна покривка е забележана низ повеќето градови од државата. Од управата за хидрометеролошки работи велат дека врнежи од снег може да се забележат и во наредните два дена, но претежно ќе има врнежи од дожд. До крајот на оваа недела времето ќе биде студено со засилен ветер од север. Поради врнежите на снег забрана за тешки товарни возила има на патниот крак Маврово-Дебар, регионалниот пат Кичево-Охрид кај Пресека, и на магистралниот пат Охрид- Гостивар кај Стража.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button