ВЕСТИМЕТРОПОЛСВЕТ

Снимен неверојатен момент на ерупција на сонцето

Опсерваторијата Солар Динамикс, во сопственост на Американската аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), снимила видео од умерената експлозија на Сонцето.

Во соопштението на НАСА, беше објавено дека дошло до умерена експлозија на Сонцето, а потоа добиениот сјај се проширил на површината на сонцето.

Снимката е направена на половина пат помеѓу Земјата и Сонцето, таа е создадена на 7 март 2022 година од камерата на вселенското летало Solar Orbiter на Европската вселенска агенција, пренесува „Форбс“.

Силните соларни блесоци можат да влијаат на радио комуникациите, електричните мрежи и навигациските сигнали и да претставуваат ризик за вселената и астронаутите.

Фотографијата, во својата оригинална димензија, може да се преземе од интернет страницата на Европската агенција за вселенски истражувања, ЕСА.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button