ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево и релативно топло со температура до 25 степени
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала од умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интревал од два до осум Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
За Скопје синоптичарите прогнозираат идентично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.