ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.

РАБОТИ НА ПАТ:

ЈП Македонијапат известува дека од 29.05.2021, на регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала, поради изведување градежни работи (асфалтирање), во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08:30 до 16:30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново од 26.05.2021 г. во наредните 30 дена. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на  делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница: Куманово – Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85.

На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од 1.4.2021 г. (четврток) пред влезот во Охрид, се изведуваат градежни работи. На местото на изведувањето на работите  поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно е затворен сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button