ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Србија донираше уште 20.000 руски вакцини Спутник В на Македонија

20.000 руски вакцини „Спутник“ донирани од Србија, пристигнаа на Клиниката за трансфузиологија во Скопје. Со нив ќе се имунизираат вработените во државните институции кои се изложени на поголеми ризици од зараза, додека со околу пет илјади преостанати дози на Astra & Zeneca ќе бидат вакцинирани граѓани на постара возраст, процес што е во тек. Во наредниот период, соседна Србија ќе испорача уште 20.000 дози за ревакцинација.

Денеска продолжи процесот на вакцинирање на граѓани над 77 години со Astra & Zeneca. АЛСАТ беше на неколку точки за вакцинација за да види како се одвива процесот.

„Во текот на денешниот ден се планира да се вакцинираат 120 граѓани …. Во текот на вчерашниот ден беа планирани да се вакцинираат 120 лица, 95 дојдоа на вакцинација. Некои го откажаа тоа од здравствени причини, додека други не се појавија на вакцинација. Досега не се пријавени несакани ефекти од вакцинираните пациенти на местото на поликлиника Чаир“.

„Убеден сум дека треба да се вакцинираме, не се сомневам затоа што овие вакцини ги направија најпопуларни институции во светот. Оксфорд, Париз, Москва, Пекинг и мислам дека не треба да имаме дилеми дали треба да ги земеме или не.“

„Синоќа имав термин, но не ми дадоа. Очигледно не ја отворија таа доза за да не пропадне, затоа што бевме двајца или тројца, додека по една доза не знам колку треба да има. Бев синоќа, но персоналот ми закажа термин за денеска, бидејќи бевме многу малку пациенти и вакцината не можеше да се отвори“.

По вакцинацијата, граѓаните треба да мируваат 15 минути, додека кај оние кои се појавуваат индикации, треба да останат 30 минути.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button