ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Имунизацијата против ковид 19 продолжува со бавно темпо, додека бројот на заразени продолжува да се зголемува

Додека имунизацијата на популацијата напредува, новите варијанти на корона вирусот се во пикот од третиот бран. Смртноста останува на високи дневни бројки како и новите случаи, каде во последниве денови кај близу 30% од тестираните е дијагностициран корона вирус. Иако првата вакцина во земјава беше дадена на 17 февруари, скоро месец и половина подоцна започна процесот на имунизација на населението.

До денеска во земјава пристигнале 58.190 вакцини, од кои медицинскиот персонал доби две дози или вкупно 8.190 вакцини Фајзер како донација од Србија. Северниот сосед донираше уште 40.000 дози Спутник В, од кои половина пристигнаа денеска, а останатите во текот на овој месец. Шест илјади дози на Спутник В се купени од Русија и 24 илјади дози на Астра & Зенека купени преку механизмот Ковакс, од каде ќе дојдат уште 78 илјади дози. Премиерот Зоран Заев признава дека во случај кога директните набавки не успеваат, донациите доаѓаат за да се продолжи со имунизацијата.

Капацитетите на болниците се повеќе се оптоварени. Во целата држава има околу 200 слободни кревети, половина од нив во Скопје. Во последните 24 часа во главниот град беа примени 79 пациенти со влошена здравствена состојба како резултат на ковид 19. Во сите болници во земјата се лекуваат 1.649 пациенти погодени од новите варијанти на корона вирусот и повеќето од нив се на кислородна терапија.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button