ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На инфективното одделение во Тетово нема слободни кревети

Инфективното одделение во Тетово е исполнето до последниот кревет со болни од ковид 19. Лекарите бараат отворање на дополнително одделение, како и обезбедување дополнителен персонал. И покрај поставувањето на модуларната болница во Тетово, таа сè уште не е пуштена во употреба. Координаторот на ковид центарот во Тетово, Гезим Нуредини, за Алсат изјави дека Министерството за здравство сè уште не информирало кога ќе започне со работа модуларната болница. Вели дека оваа болница сега е неопходна за Тетово.

„И покрај тоа што медицинскиот персонал во Тетово сè уште не е вакциниран, од утре, овде во овие простории, вакцинацијата на старите лица ќе започне против корона вирусот“.

„Вакцинацијата започнува утре. Персоналот на здравствениот дом ќе го стори истото, односно училишното и предучилишното вакцинирање. Ќе се работи во две смени. Постарите лица над 77 години ќе бидат вакцинирани со закажување кај матичен. Добивме 800 дози вакцини од Министерството“.

И покрај ваквата состојба, бројот на луѓе кои не ги почитуваат мерките се зголемува.

„Во текот на изминатите 24 часа изречени се 131 мерки за несовесните граѓани, кои одбија да носат маски. Во текот на оваа недела во СВР Тетово изречени се 470 казни за лица кои не носеле маски“.

Од почетокот на пандемијата, во Тетово и во пет околни општини, регистрирани се над 6.100 случаи на ковид 19.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button