ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието ја започна расправата за одложување на пописот

95 пратеници ја одобрија потребата за промена на Законот за попис на населението, а седуммина гласаа против. Предлог измената на Законот предвидува одложување на пописот за септември. Опозицијата од редовите на Албанците, Алијанса за Албанците и Алтернатива за да се спротивстават на одложувањето поднесоа 200 амандмани. Но, не беа прифатени на матичната Комисија за европски прашања бидејќи беа оценети за нерегуларни од формален аспект за да може да бидат разгледани. Не беа прифатени ниту трите амандмани на „Левица“. По Комисијата, постапката поминува за конечно гласање на пленарна седница.

„Причината е целосно политичка и целосно на штета на Албанците. Бидејќи реално сите политички субјекти, сите Албанци, сите релевантни фактори се ангажираа албанската дијаспора масовно да се попишува. Затоа, ги молам и барам од пратениците на ДУИ да не го поддржуваат овој Предлог закон, да не дозволат да се повтори 2011-  2012 година.“

„Предлог законот не го прекинува процесот на попис на дијаспората, туку напротив, Предлог законот кој е на гласање денеска, го продолжува рокот за попис на дијаспората до крајниот рок кога завршува пописот во земјава на 30 септември“.

Иницијативата за одложување на пописот дојде по состанокот меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски во понеделникот. После средбата произлезе дека се менува датумот на попис на терен и предвидува дека електронскиот попис на дијаспора ќе продолжи до крајот на септември.  Исто така, како резултат на средбата на двајцата лидери, во Собранието се стави на гласање и инцијативата за изменување на Изборниот законик. Измените се однесуваат на создавање законски услови за употреба на терминали за отпечатоци од прсти за време на гласањето и одложување на локалните избори за втората половина на октомври. Потребата од измена и дополнување на Изборниот законик беше изгласана едногласно од сите пратеници присутни во салата, што понатаму ќе се разгледува во Комисијата за политички систем.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button