ЕКОНОМИЈА

Стартува со работа нова инвестиција на Алкалоид од 720.000 евра

Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција вредна 720.000 евра. Станува збор за нови лаборатории за контрола на квалитет, истражување, развој и регистрација во сегментот на производство на козметички производи во Ѓорче Петров. Инвестицијата е реализирана согласно најсовремените услови за лабораториска работа и обработка на податоци. Добро познатите брендови на Алкалоид – Бекутан, Сатва, Јанг Дерм, Блек Ап и Глос, сега ќе имаат нова лабораториска опрема за контрола и следење на нивниот квалитет.

„Овие нови лабораториски капацитети имаат за цел високи очекувања во однос на квалитетот на нашите козметички производи и создаваат нови производи во согласност со потребите на современите трендови во козметологијата“, изјави генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button