ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судско рочиште за уривањето на галијата во Вардар

Градоначалникот Шилегов го убедуваше судот дека галијата во Вардар е урбана опрема, а таа може Град Скопје во кое било време да ја отстрани. Шилегов очекува судот да го потврди тоа, за да може сите три галии во Вардар да ги отстрани без да им се плати отштета на фирмите кои ги закупиле.

„Јас сум должен да се грижам меѓу другото и за јавните средства од буџетот на Град Скопје. Пак велам ако сакавме да наштетиме на буџетот ние можевме еднострано да ги раскинеме договорите и досега да ги платиме. Меѓутоа, не мислам дека нечии лудости од минатото, граѓаните на овој Град треба да ги плаќаат“, рече Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Управителот на фирмата Сервис, Жарко Миленкоски, фирма која раководи со галијата, вели дека имаат договор кој Градот мора да го почитува.

„….Значи, да не се лажеме, не станува збор за еднострана изјава од градот дека треба да се отстрани урбаната опрема и тоа подлежи на договори, да се судиме итн. Но, ова е сосема друга правна расправа“, рече Жарко Миленкоски, управител на фирмата Сервис.

Град Скопје го раскина договорот со фирмата управител на галијата бидејќи не платиле закуп за бродот. За ова се води посебен спор. Судот во наредните денови ќе се произнесе дали до завршувањето на судскиот процес, ќе може да продолжи уривањето на галијата или не.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button