ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Светската банка предвидува раст на македонската економија од 2,7 отсто оваа година

Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Северна Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто наредната година.

Во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, Светската банка ги намалува претходните економски проекции за земјава, годинава за 1.0 отсто, а за 2023 за 0.3 проценти.

Економскиот раст во 2024, според проекциите на СБ, ќе достигне 3,2 отсто.
Прогнозата за глобалниот раст за 2022, пак, е намалена за речиси третина, на 2,9 отсто. Главни причини за тоа се рускиот напад врз Украина и штетите предизвикана од пандемијата ковид-19, кои придонесоа многу земји сега да се соочуваат со рецесија.

Војната во Украина ја забави глобалната економија, која сега влегува во период на слаб раст и растечка инфлација, со можност за натамошно влошување.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас предупреди дека глобалниот раст годинава би можел да падне на 2,1 отсто, во 2023 година на само 1,5 проценти.

Малпас посочи дека глобалниот раст е попречен од војната, новите мерки за ковид-заклучување во Кина, прекините во синџирите на снабдување и растечкиот ризик од стагфлација, односно периодот на слаб раст и висока инфлација, кој последен пат е забележан во 70-тите години од минатиот век.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button