СПОРТФУДБАЛ

Тен Хаг: Нерешениот резултат, може скапо да нѐ чинат на крајот на сезоната

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, беше разочаран од ремито (1-1) против Брентфорд во Премиер Лигата. Стратегот призна дека загубата на два бода од натпреварот може сериозно да влијае на клубот во борбата за пласман во Топ 4 и Лигата на Шампионите.

Манчестер Јунајтед поведе во судиското надополнување преку Мејсон Маунт во 96.минута, но не можеше да ја задржи својата мала предност и прими гол во последните секунди, за реми 1-1.

„Кога не играте добро, сепак треба да победите, а ние за малку ќе го направивме тоа. Не одигравме добро, но имаше дух и борба. Сепак, очигледно тоа не беше доволно. Има уште многу натпревари до крајот, но овие бодови може скапо да нѐ чинат на крајот. Тоа требаше да бидат три бода. Ќе видиме што ќе се случи на крајот. Можеби ќе излезе дека ова бил многу важен момент“, прокоментира Тен Хаг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button