СПОРТ

Тенис, Арина Сабаленка победничка на Мастерс турнирот во Мадрид

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е победничка на Мастерс турнирот во Мадрид. 23 – годишната тенисерка во финалето ја совлада носителката број еден во светот, Ешли Барти со резултат 2:1. Стартот и припадна на тенисерката од Белорусија, која го заврши првиот сет без изгубен гем. Но, потоа Ешли Барти се врати на мечот и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет, Сабаленка се покажа поагилна и на крајот триумфираше со 6:4. Инаку, Сабаленка и се одмазди на Барти за поразот во финалето во Штутгарт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button