ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово, на Индустриска и натаму се вози многу брзо, за сторителите казни и до 300 евра!

Тетовската полиција вчера на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ попознат како Индустриска улица, при спроведена локална контрола  санкционирала вкупно осум возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за движење. Оваа сообраќајница периодов е.актуелна поради тоа што загина дете пешак, а имаше и протести за поголема безбедност.

-На булеварот е дозволено 50 километри на час. Имало возачи кои пречекориле за над 30 километри на час од максимално дозволената брзина и нив ги очекува глоба од 300 евра, но и возачи кои пречекориле до 30 километри кои треба да платат 45 евра, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button