ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово се празни!

Тетово се празни!

Тетово се празни. Голем дел од печалбарите се заминати, а за многу тетовчани почнаа одморите. Од туристичките агенции велат дека летово интересот е значително зголемен во однос на лани. За оние на кои морињата им се скапа опција, велат дека одморите ќе ги минат во нашите туристички места.

„Последниве денови градот Тетово станува сè попразен поради заминувањето на печалбарите, односно нивното враќање на работните места. Но, градот е испразнет и од голем дел од жителите кои иако постојано се зборува за криза и беспарица, заминаа на море. Од туристичките агенции велат дека бројот на оние кои заминале надвор од државата е многу голем, а дел кој немале доволно пари за морското крајбрежје, алтернативни решенија им се базенот или прошетка на планина, велат жителите.“

„За точни броеви сè уште е рано да зборуваме бидејќи е средина на сезоната, но можам да кажам дека интересот годинава порасна и побарувачката беше голема. Несомнено, дека ограничувањето на движењето на луѓето со големите рестрикции што ги имавме, а годинава имаше олабавување на мерките бидејќи пандемијата е сè уште актуелна, но движењето е ослободено“, изјави Бујамин Дурмиши, менаџер на агенција.

Некои кои останале тука велат дека не ни помислуваат да одат на море. За некои дури и базените се скапи.

„Со парите годинава работата е проблематична. Оној кој има можност оди, оној кој нема, останува тука“.

„Немаме пари, ни за нафта, а не пак да размислуваме да одиме во Струга. Затоа што кога ќе стигнеме таму, ќе ни треба и за ноќевање за летниот одмор“.

Како ќе го поминете одморот годинава, ќе одите на базен или на планина?

„Поевтино ни е да одиме на планина, бидејќи и на базен е зголемена цената, влезот чини 150 денари“.

„Море? Немаме пари да купиме дрва, овој ни зборува за море. Оние кои имаат одат, ние што немаме ќе останеме овде. Ќе работиме, ќе си поминеме подобро од нив“.

Дури и базените се празни.

Инаку, жителите од Полог годинава најмногу заминаа за Турција и Албанија. За таму, според агенциите, може да се најде еднонеделен одмор од 135 евра по лице, па сè до 5.000 евра на Малдивите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button