ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски контра Џафери: Граѓаните немаат 50 денови за промена на документите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени за несериозна вчерашната изјава на техничкиот премиер Талат Џафери оти граѓаните имаат доволно време да поднесат барања и да се опремат со лични документи, кои им се потребни за идентификација и гласање на претстојните избори, со оглед на тоа што, како што рече, до одржување на изборите има уште 50-ина дена.

Според Тошковски, пак, оние 50 дена за кои говори Џафери во суштина и не постојат.

Министерот посочува дека на 18 март се затвора избирачкиот список и доколку до тој ден во сила не стапи предложената законска измена според која граѓаните би можеле да гласаат со важечките пасоши со старото уставно име на државата, тогаш ќе им биде прекршено уште едно човеково право.

„Прво човеково право кое им е прекршено на овие граѓани е правото на слободно движење, е сега второто човеково право се крши, а тоа е правото на глас. Се надевам дека како премиерот, така и останатите фактори во оваа држава, особено пратениците од СДСМ и од ДУИ, ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соодветни законски измени со кои барем ова право да не им го кршиме фрапантна бројка од над 100 000 граѓани кои имаат важечка патна исправа согласно втиснат датум, а нема да може да го остварат своето право на глас зашто истите немаат важечка лична карта“, изјави Тошковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button