РАКОМЕТСПОРТ

Купа на Македонија, поволни групи за Вардар и Алкалоид

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денес се одржа ждрепката за групната фаза од 32. издание на Купот на Македонија. Сите 16 учесници беа поделени во четири групи. Носители на групите ќе бидат: Еурофарм Пелистер, Вардар 1961, РК Алкалоид и ГРК Тиквеш 2014, согласно пласманот за 2022/23 година.

Сите четири групи за овогодинешното издание во Купот на Македонија:

Група 1: ГРК Тиквеш 2014, Еурофарм Пелистер 2, РК Прилеп, Мулти Есенс

Група 2: РК Алкалоид, Бутел Скопје, Струга, РК Вардар Неготино

Група 3: Вардар 1961, Пролет 62, РК Голден Арт, Радовиш

Група 4: Еурофарм Пелистер, ГРК Охрид, МРК Куманово, Скопје 2020

Сите групи ветуваат интересен и возбудлив ракомет, како и голема битка за трофејот. Актуелен освојувач на Купот на Македонија е екипата на РК Вардар 1961, која во минатогодишното финале по третпат во низа го совлада големиот ривал, Еурофарм Пелистер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button