ВЕСТИРЕГИОН

Три вагони-цистерни со пропан излетале од шини во Суботица

Три вагони-цистерни полни со пропан излетале од шините во Суботица околу два часот по полноќ, на еден километар од железничката станица, јави Радио-телевизија Србија (РТС).

Како што наведува медиумот, гасот во цистерните не истекува и нема опасност по здравјето на луѓето.

РТС јави дека областа на инцидентот е обезбедена, а пожарникарите се на терен. Железничката пруга не е оштетена, а се бара начин цистерните да бидат вратени на неа.

Станува збор за воз со 23 вагони-цистерни кој се движел кон Нови Сад.

Во Средното техничко училиште во Суботица, недалеку од местото на несреќата, наставата се одвива без прекин, јави репортерот на РТС од терен.

Ова е трета ваква несреќа со транспорт на опасни материи што се случува во Србија во период од еден месец.

На крајот на декември четири од 20 вагони-цистерни што превезуваа амонијак излетаа од шините кај Пирот. По несреќата, повеќе од 50 лица беа хоспитализирани поради симптоми на труење. На 26 декември, ден по несреќата, министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека причината е лошата инфраструктура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button