ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6.2 %, млекото за 5.4 %, лебот и житата за 3.7 %, кафето, чајот, какаото за 3.1 %, сирењето и урдата за 2.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.7 %, свежото и разладеното овошје за 2.6 %, месото за 2.5 %, рибата и морските плодови за 2.3 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.1 %, пивото за 1.0 %, жестоките пијалаци за 0.5 % и виното за 0.3 %.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button