ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Верувам дека Црна Гора и БиХ во иднина ќе бидат дел од иницијативата „Отворен Балкан“

По повод дводневниот самит на иницијативата „Отворен Балкан“, кој денеска и утре се одржува во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук истакна дека секоја нова средба на членките и пријателите на „Отворен Балкан“ се обезбедува посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата.

На овој самит, како што додаде премиерот, гости ќе бидат и Црна Гора и Босна и Херцеговина, за кои, како што додаде, верува оти во иднина ќе станат дел од оваа успешна иницијатива.

„Денес започнува Самитот на Отворен Балкан на кој склучуваме нови соработки во областа на туризмот, културата, образованието и царинскиот проток. Сите тие се од огромно значење за компаниите и граѓаните од регионот. Со секоја нова средба на членките и пријателите на ‘Отворен Балкан’ обезбедуваме посилна соработка, олеснета комуникација и подобри услови за развој на економијата“, напиша премиерот на Фејсбук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button