ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЦУК: Авиони од Романија за гаснење на пожарите во земјава

Два авиона за гаснење пожар денеска се очекува да пристигнат од Романија како помош за пожарите што изминатава недела зафатија неколку делови на Македонија, информираа на утринската прес конференција од Центарот за управување со кризи. Како што беше речено станува збор за високо специјализирани летала, едното од нив со можност и за транстпорт на дополнителна противпожарна опрема.

Според ЦУК во овој момент најлошо е на место викано Света вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци. До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button