ЕКОНОМИЈА

Туристичките водичи бараат регулирање на нивниот статус

Туристичките водичи со години се запоставени во однос на регулирање на нивното здравствено и пензиско осигурување, вели во своето вечерашно гостување во емисијата Економски магазин на Алсат, Елвир Садиковиќ, претставник на туристичките водичи. Како што вели тој и самите се прашуваат зошто државата со години наназад не успева да пронајде начин за решавање на нивните проблеми.

„Во минативе 10 години, оваа дејност е една од најзапоставените дејности во однос на регулирање на пензиското и здравственото осигурување. Имаме поднесено барање да се регулира статусот на туристичките водичи и придружници по пример како што се земјоделците. Бараме еднаш засекогаш да се регулира тој статус“, рече Садиковиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button