СПОРТ

Турнирот во Мајами, елиминирана e најдобрата светска тенисерка!?

Полската тенисерка Ига Швјонтек доживеа елиминација во третото коло од Мастерсот во Мајами откако загуби од Екатерина Александрова во два сета.

Русинката славеше со 6-4, 6-2, приредувајќи огромна сензација имајќи предвид дека против себе го имаше првиот светски рекет. Таа го почна мечот со брејк по што беше успешна на свој сервис и поведе со 1-0 во сетови, а во вториот сет дојде до целосен колапс на Швјонтек која по 1-1 загуби четири гема по ред и доживеа пораз.

За Швјонтек овој пораз нема да има големи импликации врз пласманот на ВТА листата бидејќи лани не играше на турнирот и може само да ја зголеми предноста во однос на своите конкурентки. Елиминирана од Мастерсот во Мајами е и третата светска тенисерка Коко Гоф која загуби од Каролина Гарсија со 1-2 (3-6, 6-1, 2-6).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button