ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тутунарите од пелагониско и денеска на блокади

Тутунопроизводителите од пелагониско трет ден го блокираат магистралниот пат Прилеп – Градско. Не остатпуваат од своите барања – реална проценка на тутунот и најмногу пет отсто одбитоци, но дополнително бараат и Сојзуот на земјоделските здруженија да ги повлече поверениците од вагите.

Како што најавија, денеска на блокадата на патот на излезот од Прилеп кај Заполшкиот мост каде што се од 10 часот, ќе останат до 16:00.

Според Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор на тутунарите за протести, и по неколкуте средби со министерот за земјоделство, откупувачите продолжуваат „по старо“ и покрај договореното. Им даваат на тутунарите повеќе од мизерни цени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button