СВЕТ

Распаѓање на вилицата и губење на видот! Се проширува ретката смртоносна болест во Индија

Властите во северните и западните делови на Индија го предупредија населението, откако болниците објавија дека смртоносната габична инфекција мукормикоза се шири многу брзо во регионот.

Досега најмалку девет лица починале од ретката болест, додека голем број се хоспитализирани.

„Повеќе од сто луѓе се лекуваат од оваа габична инфекција во неколку болници во Делхи“, изјави за ‘Спутник’ д-р Маниш Мунџал, од болницата Сер Ганга Рам.

Лекарите истакнуваат дека игнорирањето на раните симптоми на оваа ретка болест може да биде фатално.

„Запушен нос, оток на очите или образите и појава на црни красти во носот се рани симптоми на инфекција. Ова се знаци дека биопсија мора да се направи веднаш и треба да се започне со антифунгална терапија што е можно порано“, додал д-р Мунџал.

Тој нагласил дека инфекцијата најчесто се случува кај пациенти кои прележале корона, иако инфекции се утврдени и кај пациенти кои немале контакт со вирусот.

Лекарите посочуваат дека зачестеноста на случаите, како и високиот морбидитет и морталитет, никогаш порано не биле видени и дека ситуацијата е алармантна.

Кај болеста постои ризик од оштетување на многу органи, вклучувајќи го и мозокот, предупредиле лекарите додавајќи дека мукормикозата најчесто ги напаѓа синусите или белите дробови и може да доведе до губење на видот.

Оваа ретка габична инфекција влијае главно на луѓе со релативно низок имунитет.

Извор: Sputniknews

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button