МАКЕДОНИЈА

Угостителски објект во Куманово затворен, работел по дозволеното работно време

Угостителски објект во Куманово е затворен, бидејќи работел по дозволеното работно време, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера, полициските службеници од кумановската полиција извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ и во објектот биле заткенати гости и сопственикот.

– При контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти, а во објектот биле затекнати десет лица – гости и сопственикот М.С.(48) од Куманово- соопштија од СВР Куманово.

Државен пазарен инспекторат го затворил објектот. По целосното документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button