ВЕСТИЕКОНОМИЈА

УЈП пломбираше 80 продавници од еден ланец маркети во земјава

УЈП врши проверки во 80 продавници од ист ланец на маркети. Сите денеска беа затворени за купувачи сè додека не заврши контролата на инспекторите. Проверка се прави на целокупното работење на трговецот односно дали се почитуваат измените на даноците, утврдување на залихите во магацините во споредба со книговодствената евиденција и колкави се приходите и трошоците за работа. УЈП синоќа ги пломбирала сите продавници на ланецот за да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

„Сите објекти во раните утрински часови на 22 март беа отворени и пописот продолжи. Се планира да заврши денеска“, наведоа од УЈП.

Од УЈП појаснуваат дека контролата била започната по утврдени нерегуларности според Законот за трговски плаќања во повеќе маркети по промената на нула ДДВ за прехранбените производи. За тоа какво завршиле контролите, од управата велат дека нема да може да информираат затоа што станува збор за даночна тајна.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button