РЕГИОН

Укинати сите ограничувања за влез во Хрватска

Штабот за цивилна заштита на почетокот на април одлучи дека на патниците од земјите-членки на ЕУ повеќе не им требаат сертификати за коронавирус при влез во Хрватска, додека на патниците од трети земји сè уште им требаа сертификати или негативни тестови.

Но, сега тие се откажани оваа недела, а тргнати се сите ограничувања на границите.

Како што потврдија од МВР за Н1, од денеска веќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирус.

„Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена“, велат од МВР. Влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови, “, соопшти МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button