ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре почнува пописот на населението и на домаќинствата

Утре стартува пописот на населението и на домаќинствата. Државниот завод за статистика тврди дека ги направи сите потребни подготовки. Директорот Апостол Симовски, вели дека институцијата со која раководи е подготвена да ја спроведе статистичката операција, откако заврши обуката на регионалните инструктори и попишувачи.

Заменик директорот Илми Селами вели дека никој не смее да биде изоставен од процесот на попишување.

„Никој не смее да биде изоставен од овој голем статистички процес, бидејќи тоа е единствениот начин да докажеме дека постоиме. За оние кои се плашат од ширење на инфекцијата, сакам да истакнам дека нашите попишувачи максимално ќе ги почитуваат заштитните мерки и протоколите обезбедени за спроведување на пописот во време на пандемија“, изјави Илми Селами, заменик, директор на ДЗС.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека пописот е статистички процес без политичка или партиска заднина.

Според заменик министерот за правда Агим Нухиу, пописот е најголемиот патриотски чин на секој граѓанин.

„Нема поголем патриотски чин од самиот попис. Сите ние сме без исклучок поврзани со нашето место, земја, куќа и имот. Затоа, пописот е од витално значење“, рече Агим Нухиу, заменик министер за правда.

Пописот ќе трае до 30 септември. Дотогаш ќе важи и рокот за попишување на дијаспората. Последниот попис беше направен пред речиси 20 години, а во 2011 година не успеа од самиот почеток.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button