СВЕТ

(ВИДЕО) Авион удри во зграда во Италија, има жртви

Мал приватен авион удри во зграда во близина на метро станицата Сан Донато (Милано), при што загинаа пилотот и седумте патници. Несреќата се случила нешто по 13 часот. Пожарникари, полиција и амбулантни возила се на местото на настанот.

Како што пренесуваат локалните медиуми, по ударот авионот се запалил, а од огнот се зафатени и неколку автомобили и станбени објекти. Авионот штотуку полетал од аеродромот Линате, а требало да лета кон  Олбија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button