РЕГИОН

(ВИДЕО) Деновите кога се тресеше Хрватска – како сеизмолозите ги гледаа сите земјотреси околу Петриња

Сеизмолошката служба на Хрватска, Катедрата за геофизика од Природно-математичкиот факултет во Загреб, објави видео во кое се прикажани сите земјотреси што се случија околу Петриња минатиот понеделник и вторник.

Во описот на видеото се вели дека на 28 декември 2020 година, во 6.28 часот наутро, се случил силен земјотрес со јачина од 5 степени со епицентар кај Петриња.

Истиот ден следеа уште неколку силни земјотреси, а на 29 декември 2020 година, во 12:19 часот, областа околу Петриња беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени, кој беше проследен со бројни последователни земјотреси.

Видеото ги прикажува епицентралите на сите анализирани земјотреси што се случија на 28 и 29 декември 2020 година.

Круговите се пропорционални на големината на земјотресот, а времето се прикажува во UTC време (координирано универзално време), што е еден час помалку од времето во Хрватска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button