КОШАРКАСПОРТ

ВИДЕО / Џејмс е одушевен од Јокиќ: Ја гледа играта уште пред да се случи

Денвер Нагетс ги декласира ЛА Лејкерс со 4:0 во финалето на Западната конференција и за првпат се пласираше во големото финале на НБА лигата.

Уште еден спектакуларен меч одигра Никола Јокиќ. Ѕвездата на Денвер во решавачкиот натпревар имаше фантастични 30 поени, 13 асистенции и 14 скока.

Новинарите го прашаа Леброн Џејмс што му докажа Јокиќ во оваа финална серија на Западот.

„Ништо не ми докажа, знам колку е голем, знам дека Џокер е одличен играч. Во лигата има играчи кои играат кошарка на одреден начин, како што јас сакам да играм, а Јокиќ е еден од нив. Тој е способен да постигне кош, да скока, да шутира… Ја гледа ситуацијата пред да се случи. Нема многу играчи како него во НБА. Тој е посебен“, изјави Леброн Џејмс.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button