СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / САД е освојувач на КОНКАKAФ Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави е освојувач на КОНКАКАФ Лигата на нации. Во големото финале, одиграно во Арлингтон, момците на Грег Берхалтер со сигурни 2-0 го совладаа вечниот ривал Мексико.

Првата радост за американците пристигна во 45. минута кога играчот на Борнмут, Тајлер Адамс постигна вистински евро-гол во мрежата на легендарниот Очоа. 25-годишниот американец се реши да бие од голема далечина и не погреши, бидејќи испрати проектил кој беше неодбранлив ниту за еден од најдобрите голмани во Серија А.

Стрелец на вториот гол за Соединетите Американски Држави беше младиот Џовани Реина по 18 минути игра во вториот дел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button