ЕКОНОМИЈА

Видеолотарија донира 10 илјади евра за набавка на смарт табли во основно училиште

Со донација од десет илјади евра, Видеолотарија Касинос Австрија овозможува набавка на Смарт табли во основното училиште Лириа Чаир, за реализација на наставниот процес, согласно новата образовна програма.

Со донација од десет илјади евра, Видеолотарија Касинос Австрија ќе придонесе да се набават Смарт табли во основното училиште Лириа Чаир. Согласно новата образовна политика, учениците во прво и четврто одделение од оваа година, наставната содржина дополнително ќе ја совладуваат и преку дигитална форма на образование. Со набавката на Смарт-табли, Видеолотарија помага основците од ова училиште да добијат комплетна можност за реализирање на современа настава, користење на дигитални учебници, Еду-платформи, мрежно поврзување со други училишта, вклучување во разновидни проекти, онлајн работилници и слично.

Преку Смарт таблите учениците ќе ја развиваат својата иновативност, способноста за решавање на задачи, индивидуалниот, но и колективен пристап за учење, распознавање и одзив кон дадените лекции.

Директорката на училиштето, Теута Идриз, при потпишувањето на договорот за донација, изјави дека е пресреќна затоа што ќе може да се обезбедат потребни услови кои ќе им го олеснат совладувањето на предвидениот наставен материјал на учениците. Таа смета дека со набавката на Смарт таблите, наставната програма за учениците ќе биде поинтересна за следење и изучување, поради што е многу благодарна затоа што Видеолотарија веднаш ја препозна и со експресната реакција за донација, овозможи реализација на оваа идеја.

Видеолотарија во својата визија како модерна, општествено одговорна компанија, се грижи за најмладите кои се нашата иднина. Оваа донација е дел од нашите заложби и општествен придонес за обезбедување подобри услови во реализацијата на образовните процеси. Свесни сме дека Смарт таблите ќе го подобрат интерактивното учење, овозможувајќи децата да постигнат подобри резултати.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #Играјсонајдобрите

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button