ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреби со субвенционирањето на клима уреди од Град Скопје

На повидок е нов скандал, и повторно во центарот на овој скандал е скопскиот градоначалник Петре Шилегов, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение меѓудругото се наведува:

„Имаме основани сомневања дека многунајавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад кое стои половична реализација на проектот и истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи.

Исто така имаме сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон при што можна е злоупотреба на истите.

Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, , на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ центар каде е познато дека има парно греење или и досега граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции.

Го прашуваме Шилегов јавно да каже колку контроли се направени кај граѓаните корисници на субвенциите за исполнети услови?

Зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ а на други изјави од нотар?

Да одговори дали е точно дека се печатени лични карти и покрај софтверско чување на истите при апликација за субвенции?

Да одговори зошто регистри со досиеја на граѓани апликанти и корисници на субвенции се расфрлани по ходници на дотраена барака бр.14?

Шилегов да одговори, дали е точно дека раководител на сектор дал наредба да се сечат документи, складирани во вреќи и изнесувани надвор од бараката? Да одговори каква документација е уништена и под чија наредба??

Ја повикуваме Агенцијата за заштита на лични податоци да изврши увид и примена на законот и инспекторатот на државен архив за ништена документација“, стои меѓудругото во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button