МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Шверцерски избор на членови на Комисијата за антидискриминација

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ го обвини парламентарното мнозинство за шверцерско однесување при избор на членови на Комисијата за антидискриминација. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ велат дека мнозинството ја спречило расправата за списокот на предложени членови на комисијата. „Како пратеници на ВМРО ДПМНЕ, јасно и гласно реагираме дека при овој избор некои важни сегменти не беа почитувани. Исто така може да заклучиме дека станува збор за партиски кандидати, избрани и селектирани во седиштето на СДСМ кои немаат работно искуство на ова поле“, се вели во изјавата на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, каде се додава дека меѓу кандидатите на избрани има и лица кои биле високи функционери на СДСМ, поранешен пратеник, но има и судир на интереси и непотизам.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button