МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е нокаутирана во моментов

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат оцени дека блокадата од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз работата на законодавниот дом е успешна, посочувајќи дека во последниот период во Собранието нема закажано никакви активности.

„Оваа активна блокада е финале од сите работи коишто се случуваа претходно и коишто доведоа до блокадата. Сметам дека блокадата е навистина успешна. Можам да кажам дека власта е нокаутирана во моментов и гледаме дека веќе 10 дена нема никаква активност закажана во Собранието“, вели Велјановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button