ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ќе достави предлог-закон за обештетување на бранителите од 2001

ВМРО ќе достави предлог-закон за обештетување на бранителите од 2001

Следната недела ВМРО-ДПМНЕ до Собрание ќе достави предлог-законски измени за обештетување на „Бранителите“. Пратеникот на оваа партија, Драган Ковачки, очекува поддршка и од пратениците на СДСМ.

Но, во исто време партијата Достоинство, која е во коалиција со СДСМ е при крај со сопствена иницијатива слична на онаа на ВМРО, па и тие ќе ја достават во Собранието.

Албанските партии засега не одговараат дали ќе ги поддржат овие законски измени, ниту дали ќе преземат некоја конкретна иницијатива за решавање на статусот на поранешните борци на ОНА. Од Алијанса за Албанците велат дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е нова игра за поттикнување тензии со крајна цел, политички да се профитира.

„Законот за бранители, законот за амнестија за 27 април и многу други слични чекори, имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и да го спречат отворањето на преговорите со ЕУ“, велат од Алијанса за Албанците.

Во ДУИ немаат коментар. Но, членот на раководството на оваа партија, Фатмир Дeхари, претходно критикуваше дека неговата партија не направила доволно за поранешните борци на ОНА. Бара нивниот статус да се реши на хартија.

„Имав критички пристап кон самиот извештај што го достави господинот Груби до претседателството на ДУИ. Во тој извештај не беше наведено кој е пристапот кон темата за која зборувавте. И понатаму го кревам гласот дека една од главните теми на силата на политичката ДУИ, главните прашања се тесно поврзани со ОНА, во смисла и на нејзината историја и во смисла на решавање на нерешените проблеми што ни останаа, на војниците или продолжување на третманот на војниците, решавање на проблемите било во законски рамки или преку други форми“, рече Фатмир Деари, Член на претседателството на ДУИ.

Од СДСМ не коментираат дали би ја поддржале иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, ниту дали би поддржале евентуален предлог-закон за решавање на статусот на поранешните војници на ОНА.

Од ВМРО пак, не сакаат да коментираат дали би понудиле поддршка за евентуален предлог-закон за решавање на статусот на поранешните војници на ОНА. Велат – досега не се зборувало за нешто такво. Најавите за предлог-измените во законот за бранителите дојдоа при одбележувањето на настаните на Тетовското кале во 2001 година./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button