ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фронтот за Европа на ДУИ „сериозен“ како и Зелената агенда

Фронтот за Европа на ДУИ „сериозен“ како и Зелената агенда

Од ДУИ не даваат никакво појаснување што значи иницијативата „Фронт за Европа“ и покрај интересирањето на АЛСАТ како планирата да ја спроведат. Од друга страна, од „Огнената група“ имаат ироничен коментар.

„Не верувам дека има Албанец кој е против Европската Унија. Сепак, постои ризик оваа идеја да ја има судбината на Зелената агенда“, рече Изет Меџити, „Огнена група“, ДУИ.

Од СДСМ пак, себеси се сметаат за предводник на оваа идеја. Од Алијанса за Албанците велат дека не било време за вакви предлози.

„Не сме добиле никаква покана. Ако има нешто такво, ќе се испита во партиските органи. Но, сметаме дека сè уште е рано за вакви предлози. За нив обично се разговара неколку месеци пред парламентарните избори“, велат од Алијанса за Албанците.

Свое видување на иницијативата имаат и од Алтернатива. Според нив, пласирањето ан една ваква идеја во јавноста се прави за да се прикрие кризата во партијата на Ахмети.

„Алтернатива на новиот потег на Ахмети гледа како нов обид да се одржи илузијата дека тој има монопол врз албанските интереси во Северна Македонија. Ахмети не треба повеќе да се плаши бидејќи ДУИ е прочитана книга кај Албанците и кај меѓународниот фактор. Секој почеток си има крај“, нагласија од Алтернатива.

Од БЕСА го повторија својот претходен став дека повиците на ДУИ за влез во „Фронт за ЕУ“ е политичко лицемерие. Му препорачаа на Ахмети да ја обедини сопствената партија пред да се обиде да ги обединува другите

„Јавните апели на Али Ахмети до БЕСА се политичко лицемерие кое сме навикнати често да го гледаме од лидерот на Артан Груби. Човекот кој го прекрши политичкиот договор кој произлезе од заедничката Декларација на политичките партии нема политички кредибилитет да кани на обединување. Али Ахмети и ДУИ треба да се обединат, па потоа да се занимаваат со другите“, реагират од БЕСА.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера одговорија дека се ориентирани кон Европската Унија, но како што додадоа, не кон онаа Европа што ја прокламираат Артан Груби и ДУИ. Инаку, следната средба на интегративците се очекува да се одржи идната сабота и на неа да се дебатира за барањата на Огнената група./Алсат.мк

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button