ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внимавајте да не се запалиме! Единствените два противпожарни авиона две години „во дефект“!

Во време кога многу земји се соочуваат со разорни пожари, ситуацијата во нашата земја е мирна во споредба со претходните години. Сепак, властите се во состојба на готовност, бидејќи температурите над 40 Целзиусови степени дополнително го зголемуваат ризикот од можни пожари. Но, работата на пожарникарите во земјава честопати е попречена од недостатокот на опрема потребна за спречување и гаснење пожари.

Да не се случи во земјава да има голем пожар и да треба да ги ставиме во функција авионите, бидејќи единствените два авиони што ги има Македонија за целата територија да спречат ширење на пожари се надвор од функција веќе две години. Во случај на таква ситуација, би се надевале дека соседните земји ќе ни помогнат да ги ставиме овие пожари под контрола.

Заменик командирот на противпожарната бригада, Звонко Томески, рече дека авионите се првите средства што се активираат во случај на пожар на терен каде пристапот е тежок. Тој апелираше да се сервисираат што поскоро и да се стават во функција. Покрај ова, бројот на пожарникари не е како што се бара со Закон. Во противпожарната бригада во Скопје има 160 пожарникари, а оваа бројка треба да изнесува 390.

Во текот на последните три дена, Противпожарната бригада изврши 18 интервенции на отворено. Најкомплицираната интервенција, според пожарникарите, била во селото Страчинци, поради силните ветрови. Се интервенираше и во Грачаник и на Водно, каде што брзата интервенција на пожарникарите спречила пожарот да предизвика поголема штета. Од 2 јули, стапи во сила забраната за движење во шуми од 6 часот наутро до 20 часот.

Секој што планира да се движи во шуми во оваа време мора да побара специјална дозвола. Намерното или небрежно подметнување пожар се смета за кривично дело, кое во зависност од доказите и други околности се казнува со затвор до осум години. Во 2019 година беа регистрирани пожари каде изгореа стотици хектари а во повеќето случаи причината беше човечкиот фактор.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button