ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во „Алкалоид“ раст на бизнисот, продажбата и приходите

Во „Алкалоид“ раст на бизнисот, продажбата и приходите

Фармацевтската компанија Алкалоид минатата година остварила раст на консолидираниот извоз од над 16%, имала 187 нови вработувања и инвестиции од над една и пол милијарда денари. Како што соопштија од фирмата, продажбата лани им пораснала за 10% повеќе во споредба со истиот период во 2021.

Од тоа 68% биле на странските пазари. Најголем раст на продажбата имаат во Полска, двојно повеќе, потоа во Романија и САД. Први поголеми продажби биле резлизирани во Португалија, а продавале дури и во Монголија. Консолидираната нето-добивка на Алкалоид пораснала за 12%.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button