ВЕСТИРЕГИОН

Во Грција полициски час за време на Божиќните и Новогодишните празници

Грчките власти објавија дека книжарниците и фризерските салони ќе бидат отворени од понеделник, додека другите продавници, забавни центри, ресторани, барови и кафулиња ќе останат затворени за време на Божиќ како дел од второто „заклучување“ во земјата поради вирусот корона.

Владиниот портпарол Стелиос Пекас рече дека и покрај пет недели рестриктивни мерки, стапката на инфекции е сè уште висока, што го оптоварува здравствениот систем.

Пецас исто така рече дека полицискиот час, кој во моментов е во сила од девет часот навечер до пет часот наутро, ќе се скрати за еден час од неделата вечер, кога ќе започне во 10 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button